Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Прием на членовите од клубот за Muay Thai и кик-бокс „Адреналин“ Радовиш

Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, оствари прием со членовите на клубот за Muay Thai и кик-бокс „Адреналин“ од Радовиш. Повод за средбата беше нивниот успешен настап на Државното првенство во кик-бокс, кое изминатиот викенд се одржа во Скопје, каде што освоија повеќе златни, сребрени и бронзени медали. За дел од младите борци ова беше […]

Меморандум за соработка и учество во проектот „Нула Биоотпад“

Градоначалникот Љупче Почивалец, во име на Општина Радовиш, потпиша Меморандум за соработка со Зелен институт како носител и Националното здружение на сопственици на приватни шуми како партнер во проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“. На средбата беа разменети дополнителни информации за текот на соработката и активностите кои ќе се реализираат во периодот што […]

Градоначалникот Љупче Почивалец заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваа на презентацијата и официјалното отпочнување на проектот „Зелено за добро“

Градоначалникот Љупче Почивалец заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалниците од Југоисточниот плански регион, денеска во Струмица присуствуваа на презентацијата и официјалното отпочнување на проектот „Зелено за добро“, кој е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички преку ИПА програмата за прекугранична соработка „Грција – Македонија 2021–2027“. Општина Радовиш преку овој проект ќе добие: фотоволтаичен систем од […]

Советот на Општина Радовиш ја одржа 11. седница

Денеска се одржа 11. седница на Советот на Општина Радовиш, на која советниците разгледаа и дискутираа по повеќе точки од дневниот ред од значење за локалниот развој и подобрување на условите за живот на граѓаните. На седницата беа усвоени одлуки и заклучоци кои се однесуваат на тековното работење на општината, реализација на инфраструктурни проекти, финансиски […]

Градоначалникот Почивалец во обиколка по населените места и во градот Радовиш

Градоначалникот Љупче Почивалец ги посети дел од локациите во населените места и во градот Радовиш, каде што во следниот период се планира започнување и реализација на инфраструктурни проекти. „Со овие проекти ќе ги подобриме условите за живот и ќе обезбедиме подобро и поефикасно функционирање за сите наши сограѓани“, информираше Почивалец.

Граѓаните се наша обврска, а проблемите – решливи!

Комуникацијата и средбите со граѓаните се наши секојдневни активности. За решавањето на проблемите потребно е детално разгледување на предизвиците и пречките со кои се соочуваат граѓаните.   Без разлика дали станува збор за инфраструктура, социјални прашања, образование или култура – тука сме ние, преку „Отворениот ден со граѓаните“, каде секој може да закаже термин за […]

Градежните активности за целосно завршување на регулацијата на коритото на Ораовичка Река

Денеска извршив увид во градежните активности за целосно завршување на регулацијата на коритото на Ораовичка Река. Проектот се реализира со засилена динамика и има за цел значително зголемување на безбедноста од поплави, како и намалување на ризикот за околните објекти и земјоделските површини. Паралелно со градежните работи, спроведено е и темелно чистење на наносниот материјал, […]

Донесен Предлог-правилник за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за домување во куќи за млади лица до 35 години, при изградба, доградба или надградба на прв дом.

Денешната 10. седница на Советот на Општина Радовиш се одржа со обемен дневен ред од вкупно 37 точки. Во текот на седницата беа разгледани и усвоени голем број предлог-програми, предлог-одлуки и предлог-заклучоци од значење за функционирањето и развојот на општината.   Советот донесе одлука за усвојување на Предлог-правилник за ослободување од плаќање на надоместок за […]

Улиците „Ванчо Прќе“ и „Пере Тошев“ целосно добија нов асфалтен слој

Денеска беше реализирана завршната фаза од санацијата на оштетениот асфалт и крпењето на ударните дупки во Радовиш, при што улиците „Ванчо Прќе“ и „Пере Тошев“ целосно добија нов асфалтен слој. Овие активности се дел од претходно склучениот договор за одржување, реконструкција и надградба на постојниот асфалтен коловоз во градот и населените места, со цел подобрување […]

Градоначалникот Почивалец оствари средба со претставници на Шведската агенција за заштита на животната средина и претставници од Министерството за животна средина

Остварена средба со претставници од Шведската агенција за заштита на животната средина и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање кои се носители на проектот „Поддршка на пристапувањето на Македонија кон ЕУ во областа на животната средина“ (SMEF), финансиран од Шведската агенција за заштита на животната средина, а чиј корисник е Министерството за […]