Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на 28мај 2026 година ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци на територијата на општините во Југоисточниот плански регион.
Активностите ќе се реализираат согласно следниот распоред:
- 28.05.2026 година (четврток)
- Општина Радовиш – со почеток во 09:00 часот, површина од 3 ха
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, а граѓаните да избегнуваат движење во зоните каде ќе се врши третманот за време на прскањето.
Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе се изврши во следниот поволен термин.