Градоначалникот Љупче Почивалец денеска ја посети Противпожарната единица во Радовиш, каде упати искрени честитки по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите, до сите пожарникари, како и голема благодарност за нивната несебична, храбра и пожртвувана вклученост во справувањето со новонастанатата ситуација со пожарот на депонијата и нејзиното целосно санирање.
Нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност се од огромно значење за безбедноста на граѓаните и заштитата на животната средина.
Градоначалникот им посака многу здравје, сила, успех и што помалку интервенции во иднина.


