ЈАВЕН ПОВИК ДО ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ
Општина Радовиш ги повикува сите даночни обврзници кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот и комунална такса да ги подмират своите обврски во најкраток можен рок.
Известуваме дека во наредниот период ќе започне постапка за присилна наплата на сите доспеани и неплатени побарувања, согласно законските прописи. Со постапката за присилна наплата ќе се пресметуваат законска затезна камата и дополнителни трошоци, кои ќе паднат на товар на должникот.
Апелираме навремено да ги исполните вашите законски обврски и да избегнете непотребни дополнителни трошоци.
Платете навреме – избегнете присилна наплата и дополнителни трошоци.