Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Oдржана првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Oдржана првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Денес, во Музејот на љубовта и уметноста во Радовиш, се одржа првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, на која учество зедоа претставници на локалната самоуправа, институции, граѓански организации и граѓани.

Форумската сесија ја отвори градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, кој во своето воведно обраќање ја истакна важноста од активно учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и донесувањето одлуки од интерес за заедницата.

 

Во текот на сесијата беше презентиран форумскиот процес, неговите цели, активности и очекувани резултати. Присутните дискутираа за можните форумски теми и преку заедничка дебата ја избраа приоритетната тема за понатамошна работа. Потоа беше усвоена структурата на форумот и утврдени беа начелата за работа.

Во вториот дел од сесијата, учесниците работеа на идентификација и дефинирање на клучните проблеми, разменуваа предлози за можни решенија, проектни идеи и препораки. На крајот беше презентиран форматот за изработка на концепт-предлог проект, формирана беше работна група за анализа на избраната тема и беше договорен терминот за одржување на следната форумска сесија.

 

Форумскиот процес го водеа модераторот Гонце Јаковлевска и ко-модераторот Лазар Газепов, додека координатор на проектот е Весна Конзулова, кои преку својата стручност и координација придонесоа за успешно реализирање на првата форумска сесија.

Општина Радовиш останува посветена на транспарентно, инклузивно и партнерско работење со граѓаните, со цел создавање поквалитетни локални политики и подобри услови за живот во заедницата.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email