Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026

Јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026

Врз основа на член 22 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 43 од Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш” бр. 5/02), општина Радовиш објавува,

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на предлог-програми за реализација на

традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026

 

I.Согласно донесената годишна програма за активности од областа на културата бр. 08-1599/3 од 24.12.2025 год., и предвидените финансиски средства во Буџетот на општина Радовиш за 2026 год., општина Радовиш го распишува овој јавен повик за доставување на предлог-програми со комплетна финанскиска конструкција за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026 која ќе се одржи во деновите од  25.09.2026 год. Петок до 27.09.2026 год. Недела во Радовиш.

  1. Предлог-програмите треба да ги содржат следните податоци: предлог локација на одржување, музичко-сценска програма, начин на организација на гастрономскиот дел со угостителски објекти, маркетинг-план и финансиска конструкција.

III. Заинтересираните правни лица (непрофитни организации, здруженија на граѓани, сојузи и сл.), предлог-програмите треба да ги достават до општина Радовиш, преку пошта на адреса: бул. Александар Македонски бр.7, Радовиш, или во архивата на општина Радовиш, со назнака – за Јавен повик за манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026.

Покрај предлог-програмата, задолжително треба да достават и Тековна состојба издадена од Централен регистар на Р.М. не постара од 6 месеци.

Јавниот повик трае 5 работни дена заклучно со 24.08.2026 година.

Напомена: Нeкомплетните предлог-програми и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

 

 

Изготвил : Игор Чапов, раководител на одделение

Одобрил : Весна Конзулова, раководител на сектор

 

 

       18.08.2026 год.                                                      Градоначалник на општина Радовиш      

          Радовиш                                                                         Љупче Почивалец

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email