Денеска бевме гости на учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица, кои го одбележаа својот патронен празник со свечена и пригодна програма.
Учениците, заедно со своите ментори, подготвија богата програма исполнета со музика, настапи и театарска претстава, создавајќи пријатна атмосфера и незаборавни моменти за сите присутни.
Со својата креативност, труд и посветеност, уште еднаш се потврди дека училиштето е место каде се негуваат знаењето, културата и вистинските вредности.





