Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

СоопштенијаНовости

Известување за прво прскање против возрасни комарци по земјен пат

Известување за прво прскање против возрасни комарци по земјен пат

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека во периодот од 8 до 10 јуни 2026 година ќе се спроведе прво прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на општините во Југоисточниот плански регион.

Прскањето ќе се одвива според следниот распоред:

📍 08.06.2026 година

  • Општина Радовиш – од 21:00 часот

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства. Граѓаните се замолуваат за време на третманот да избегнуваат непотребен престој на отворено во подрачјата каде што ќе се спроведува прскањето.

Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено и реализирано во првиот нареден поволен ден.

Активноста се спроведува со цел намалување на популацијата на комарци и заштита на здравјето на населението во Југоисточниот плански регион.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email