Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за снабдување со природен гас во домаќинствата до 31 октомври 2026 година.
Со оваа мерка се обезбедува финансиска поддршка во износ до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас или за набавка на котел на гас.
Средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до нивно целосно исцрпување.
Од Министерството ги повикуваат сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат своите барања, согласно условите утврдени во јавниот оглас.
Дополнителни информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.