Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.81478 од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3 – Гробишта на озеленети простори, К.О. Радовиш вон град, Општина Радовиш, со тех.бр.4133 од јуни 2026 год. – за изградба на Гробишта во Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3 – Гробишта на озеленети простори, К.О. Радовиш вон град, Општина Радовиш,
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци со ЕМБС 4129105 и седиште на ул.„Народна Младина“ бр.3 Кавадарци со управител Трајче Грков, за инвеститор Општина Радовиш, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3 – Гробишта на озеленети простори, К.О. Радовиш вон град, Општина Радовиш, тех.бр.4133 од јуни 2026год.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-848/1-1 од 12.06.2026год. го разгледа барањето за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3 – Гробишта на озеленети простори, К.О. Радовиш вон град, Општина Радовиш, тех.бр.4133 од јуни 2026 год. со површина на проектен опфат 2,54 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26 – 711/2 од 08.07.2026г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3 – Гробишта на озеленети простори, К.О. Радовиш вон град, Општина Радовиш, тех.бр.4133 од јуни 2026г., со површина на проектен опфат 2,54 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Д4.3 – Гробишта на озеленети простори, К.О. Радовиш вон град, Општина Радовиш, со тех.бр.4133 од јуни 2026 год., со површина на проектен опфат 2,54 ха, изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: Сузана Ѓоргиева д.и.а.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Љупче Почивалец
26-711-3-Проектна програма Д4.3 Гробишта на озеленети прстории (2)