Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Официјално отворено јубилејното 10. издание на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“

Официјално отворено јубилејното 10. издание на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“

Со свечено отворање вечерва започна јубилејното 10. издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал „Ораовица 2026“, спортска манифестација која веќе една деценија ги обединува љубителите на фудбалот, спортот и дружењето.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, истакна дека му претставува особена чест што токму оваа година има можност официјално да го отвори јубилејниот турнир, кој од своето прво издание во 2016 година прерасна во препознатлива спортска традиција.

„Горд сум што овој турнир веќе 10 години е симбол на спортот, фер-плејот и заедништвото. Од 2016 година до денес, Ораовица создава традиција која ги поврзува генерациите и ги обединува љубителите на фудбалот. Им посакувам на сите екипи фер и успешни натпревари, а на публиката многу возбудувања и убави спортски моменти. Нека победи најдобриот“, порача градоначалникот Почивалец.

Општина Радовиш и понатаму ќе продолжи да ги поддржува спортските манифестации кои придонесуваат за развојот на спортскиот дух, промоцијата на здравите животни навики и зацврстувањето на заедништвото во локалната заедница.

 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email