Врз основа на член 22 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 43 од Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш” бр. 5/02), општина Радовиш објавува,
ЈАВЕН ПОВИК
за доставување на предлог-програми за реализација на
традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026
I.Согласно донесената годишна програма за активности од областа на културата бр. 08-1599/3 од 24.12.2025 год., и предвидените финансиски средства во Буџетот на општина Радовиш за 2026 год., општина Радовиш го распишува овој јавен повик за доставување на предлог-програми со комплетна финанскиска конструкција за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026 која ќе се одржи во деновите од 25.09.2026 год. Петок до 27.09.2026 год. Недела во Радовиш.
- Предлог-програмите треба да ги содржат следните податоци: предлог локација на одржување, музичко-сценска програма, начин на организација на гастрономскиот дел со угостителски објекти, маркетинг-план и финансиска конструкција.
III. Заинтересираните правни лица (непрофитни организации, здруженија на граѓани, сојузи и сл.), предлог-програмите треба да ги достават до општина Радовиш, преку пошта на адреса: бул. Александар Македонски бр.7, Радовиш, или во архивата на општина Радовиш, со назнака – за Јавен повик за манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026.
Покрај предлог-програмата, задолжително треба да достават и Тековна состојба издадена од Централен регистар на Р.М. не постара од 6 месеци.
Јавниот повик трае 5 работни дена заклучно со 24.08.2026 година.
Напомена: Нeкомплетните предлог-програми и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Изготвил : Игор Чапов, раководител на одделение
Одобрил : Весна Конзулова, раководител на сектор
18.08.2026 год. Градоначалник на општина Радовиш
Радовиш Љупче Почивалец