Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, денеска присуствуваше на работна средба предводена од министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
На средбата беа презентирани можностите во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги, со посебен акцент на актуелниот Јавен повик до општините и општините во Град Скопје за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.
Преку повикот се предвидува реновирање, адаптација и опремување на неискористени училишни и општински простории, со нивно пренаменување во простории за реализација на предучилишни програми.


