Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Aмбасадорката на Германија во Македонија, Петра Дрекслер во посета на Општина Радовиш

Aмбасадорката на Германија во Македонија, Петра Дрекслер во посета на Општина Радовиш

Денеска во Радовиш имав чест да ја пречекам амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Петра Дрекслер, со која остварив средба и разговаравме за можностите за унапредување на соработката, локалниот развој и реализацијата на идни проекти од значење за Општина Радовиш и нашите граѓани.

Разговаравме за можностите за воспоставување и продлабочување на соработката со германските институции и партнери, особено во насока на поддршка на локалниот развој, привлекување нови можности и реализација на проекти кои ќе придонесат за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

За време на посетата, покрај официјалната средба во Општина Радовиш, амбасадорката Петра Дрекслер имаше можност да го посети и храмот „Св. Троица“ – еден од најзначајните духовни и културно-историски симболи на нашиот град.

Ми претставува особено задоволство што Радовиш беше домаќин на оваа значајна посета. Верувам дека денешните разговори се уште еден чекор кон создавање нови партнерства и конкретни можности за развој на нашата општина.

Љупче Почивалец
Градоначалник на Општина Радовиш

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email