бр. 26 -915/12
18.09.2023 год
Врз основа на член 29 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РМ“ бр. 32/20 и 111/23), член 50 точка 3 од Законот за локална самоуправа („Сл. в. на РМ“ бр.5/02) и донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Радовиш за 2023 година. Со Одлука бр.08-1148/1 од 11.07.2023година, од Советот на Општина Радовиш , Градоначлникот на Општина Радовиш го доставува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
За организирање на јавна презентација и јавна анкета
По изготвен ДУП УБ 8-дел и УБ 9-дел (плански период 2022-2027), Нацрт план, КО Радовиш, Општина Радовиш
Граници на планскиот опфат е формиран по следните граници:
– на Источната страна се движи по осовината на „Новопланирана 1 “, продолжува по
осовината на „Новопланирана 4’ и „Новопланирана 5“ од важечки план.
– на Јужната страна ја пресекува КП 3928/3, потоа се движи по јужната страна на КП
3927/1, КП 3927/4, КП 3909/6, КП 3909/5, КП 3909/4, КП 3909/3, КП 3909/2, КП 3909/1,
КП 3908/1, КП 3908/9, КП 3908/12,потоа ја пресекува КП 3933/1, потоа повторно се
движи по јужната граница на КП 3933/3, потоа ја пресекува КП 3933/2, потоа
продолжува по јужните граници на КП 3935/1, КП 3936/1, КП 3937/4, КП 3937/1, КП
3937/3, КП 3938/1 , продолжува по Источната граница на КП 3939/3 , КП 3939/4, КП
3940/1.
– На Јужната страна се движи по осовина на постоечкиот канал на наводнување
– На Северо-Западна страна се движи по осовина на Бул.Александар Македонски.
Во планската програма дефиниран е планскиот опфат кој е прикажан на графички прилог.
Површината која ја опфаќа опишаната граница на прелиминарниот плански опфат изнесува 14.00 ха.
Согласно законската регулатива од областа на урбанистичко планрање, јавниот повик за одржување на јавната анкета и јавната презентација по изготвен ДУП УБ 8-дел и УБ 9-дел (плански период 2022-2027), Нацрт план, КО Радовиш, Општина Радовиш ќе се спроведува преку информацискиот систем на е – урбанизам (https://www.e-urbanizam.mk/), се објавува на официјалната страна на Општина Радовиш (https://radovis.gov.mk/ ), огласна табла на Општина Радовиш и преку соопштенија во подрачјето на планскиот опфат.
Јавниот повик за спроведување на Јавната анкета и јавна презентација ќе трае петнаесет дена.
Јавната анкета и јавната презентација по ДУП УБ 8-дел и УБ 9-дел (плански период 2022-2027), Нацрт план, КО Радовиш, Општина Радовиш ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во информацискиот систем е – урбанизам, печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информациската табла на Општина Радовиш.
Јавната анкета ќе трае 32 дена од денот на објавувањето на Соопштението и истиот ке трае од 02.10.2023г. до 02.11.2023г, а јавната презентација со стручно презентирање ќе се одржи на ден 10.10.2023г. во 11:00 часот во простории на Мала сала на Општина Радовиш. Во споменатиот рок, можат да се доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во писмена и електронска форма преку информатички систем на е – урбанизам.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов