📢 Покана до граѓаните на Општина Радовиш
Општина Радовиш ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, која ќе се одржи на 10 јули 2026 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во Музејот на љубовта и уметноста (кај Градскиот парк).
Форумската сесија претставува можност граѓаните активно да се вклучат во креирањето на проектни идеи и решенија за прашања од интерес на локалната заедница.
Вашето мислење е важно – бидете дел од процесот на донесување одлуки за подобра општина!

