Советот на Општина Радовиш денес ја одржа XVIII итна седница, со почеток во 09:00 часот, во салата за состаноци во зградата на Општина Радовиш.
Според Решението за свикување на седницата, на дневен ред беа предвидени точки поврзани со прогласување на итноста на седницата, како и донесување одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетите настанати од природни непогоди и други несреќи.
Формирањето на комисијата има за цел навремено евидентирање и процена на штетите предизвикани од неодамнешните природни непогоди, што претставува предуслов за понатамошни активности и евентуална помош за засегнатите граѓани.
