Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес беше на увид во градежните работи на изградбата на локалниот пат – обиколница, која ги поврзува улиците Плачковица и Калаузлиска во должина од 906 метри, како дел од Проектот „Туризмот – иднината на регионот“.
Овој проект кој е во соработка со Центарот за развој на југоисточниот плански регион и Бирото за регионален развој е од огромно значење за граѓаните на општина Радовиш кои живеат во тој дел од градот а со тоа и за самиот пристап кон планината Плачковица.