Предмет: Оглас за пријавување на членови
Иницијатива за формирање на Локален совет за женско претприемништво (ЛСЖП)
Градоначалникот на општина Радовиш ги поканува и охрабрува жените претприемачи и жените кои ќе се пронајдат во ова иницијатива да достават контакт податоци на е-маил: ler@radovis.gov.mk најдоцна до 10.01.2023 година.
Иницијативниот одбор подоцна ќе прерасне во Локален советза женско претприемништво на општина Радовиш со подршка и од Националната платформа за женско претприемништво. Формирањето на ова тело ќе допринесе за подобрување и унапредување на економската независност кај жените кои живеат или работат на територија на општинаРадовиш.
Пријавените заинтересирани дополнително ќе бидат контактирани по завршувањето на рокот за пријавување.