Здружението за рурален развој ЛАГ Плачковица започна со спроведување на двегодишен проект ,,Зајакнување на капацитетите на локалните чинители за подобрена отпорност во управување со пожари” на ниво на предел на Западен Балкан, финансиран од Глобалната програма за климатски промени на Швајцарската агенција SDC за подобра соработка и координација во спречување на пожари на територија на четирите општини Радовиш, Конче, Штип и Карбинци.
За таа цел , беше одржан координативен состанок со сите чинители во општините Радовиш и Конче, каде се разговараше за активности и очекувани резултати од проектот, особено за реализација на формирање на доброволно противпожарно друштво во Радовиш и развој на веќе формираните во другите општини, со подршка на општините.