Врз основа на член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 67/22, 170/24, 3/25, 17/25 и 101/25), согласно член 7 од Одлуката за општински линиски превоз на патници, донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година и Одлука за распишување на оглас за распределба на линии за вршење линиски превоз на патници во општина Радовиш донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година,
Комисија за јавна безбедност безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита при Совет на општина Радовиш распишува
О Г Л А С
за прибирање на понуди за доделување на линии за превоз на патници на територијата на општина Радовиш
За превоз на патници од општина Радовиш се објавува оглас за доделување на следните линии:
| Број на линијата | Име на линијата | Највисок износ во денари со вклучен ДДВ |
| 1. | Злеово – Радовиш и обратно | 170 |
| 2. | с.Покрајчево – с.Злеово и обратно | 230 |
| 3. | Покрајчево – Радовиш и обратно | 170 |
| 4. | Јаргулица – Радовиш и обратно | 130 |
| 5. | Јаргулица – Подареш и обратно | 120 |
| 6. | Подареш – Радовиш и обратно | 100 |
| 7. | Ораовица – Радовиш и обратно | 90 |
| 8. | Раклиш – нас. Куклевица – Радовиш и обратно | 70 |
| 9. | Калузлија – Радовиш и обратно | 70 |
| 10. | Аликоч – Радовиш и обратно | 85 |
| 11. | Коџалија – Радовиш и обратно | 85 |
| 12. | Прналија – Радовиш и обратно | 135 |
| 13. | Супурге – Парналија и обратно | 250 |
| 14. | Супурге – Радовиш и обратно | 190 |
| 15. | Бучим – Радовиш и обратно | 130 |
| 16. | Тополница – нас.Дамјан – Радовиш и обратно | Тополница – 85
нас.Дамјан – 100 |
| 17. | нас.Дамјан – с.Ињево и обратно | 250 |
| 18. | с.Дамјан – с.Ињево и обратно | 350 |
| 19. | с.Дедино – с.Ињево и обратно | 110 |
| 20. | Ињево – Радовиш и обратно | 80 |
| 21. | Воиславци – Радовиш и обратно | 100 |
| 22. | с.Сулдурци – Радовиш | 120 |
| 23. | Калуѓерица – Радовиш и обратно | 140 |
| 24. | с.Воиславци – с.Калуѓерица и обратно | 130 |
| 25. | с.Сулдурци – с.Калуѓерица и обратно | 150 |
Услови :
Подносителите на понудите за учество во доделување на линиите за вршење на општински линиски превоз на патници, покрај општите услови предвидени со Законот за превоз во патниот сообраќај и согласно член 7 од Одлуката за општински линиски превоз на патници, донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година и Одлука за распишување на оглас за распределба на линии за вршење линиски превоз на патници во општина Радовиш донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година, треба да ги исполнат следните услови:
- да е впишан во Централниот регистар со регистрирано седиште на територија на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;
- да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за финансиски лизинг за возила со најмалку осум седишта несметајќи го и седиштето на возачот, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот патен сообраќај;
- да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по моторно возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
- управителот или од него овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност на лице одговорно за превоз;
- да има добар углед;
Понудата на подносителот за учество во доделување на линиите задолжително треба да содржи:
- Назив и адреса на понудувачот;
- Назначување на линиите кои превозникот сака да ги одржува со предложен возен ред со задолжително вклучување на возен ред потребен за превоз на ученици и цена на возниот билет за еден правец;
- Тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица издаден од централен регистар на Република Северна Македонија со приоритетна дејност вршење на превоз на патници во патниот сообраќај (во оригинал, не постар од 6 месеци);
- Копија од Лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници и копии од извод од лиценца за секое возило одделно;
- Копии од сообраќајните дозволи регистрирани на име на правното лице со капацитет од најмалку 8+1 седиште или договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер , заверени кај нотар;
- Копии од важечки потврди за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови од станицата за технички преглед на моторни возила за секое возило;
- Копии од М1/М2 образец на вработените возачи и возачки дозволи со минимум возачко искуство од 2 години и лекарско уверение за возач (бројот на возачите, зависно од бројот на возилата со кои ќе се врши превозот);
- Копија од Дозволата за експлоатација на линија во општинскиот линиски превоз на патници издадена од градоначалникот на Општина Радовиш со кое досега е одржувана линијата (ако поседува);
- Изјава дека во рок предвиден во Одлуката за доделување на линии за вршење на општински линиски превоз на ученици и патници во општина Радовиш ќе почне да ги одржува линиите;
- Копија од Потврда (не постара од 60 дена) од надлежен суд дека не е во сила правосилна пресуда за кривично дело против имотот, стопанството, јавните финансии, вработувања и социјална сигурност, општата сигурност на луѓето, трговија со дрога или луѓе и од областа на безбедноста во јавниот сообраќај со казна затвор од една до десет години за правното лице и одговорното лице во правното лице (освен за новорегистрирано правно лице помалку од 6 месеци);
- 1 Копија од Потврда (не постара од 60 дена) од надлежен суд дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност, забрана за вршење професија, дејност или должност со казна од една до десет години за време на извршување на казната (за правното лице и одговорното лице во правното лице);
Оние превозници кои немаат лиценца за вршење општински линиски превоз на патници освен погоре наведените кон пријавата треба да ги достават и следните документи:
- Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на правното лице или од него овластено лице одговорно за превоз;
- Список на вработени по обврзник од фондот за пензиско и инвалидско осигурување (не постаро од 60 дена);
Постапката за доделување на линии за превоз на патници ја спроведува Комисијата за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита врз основа на следните критериуми:
Цена = најниска цена 20 бода
Бодовите ќе се пресметуваат по следната формула: Бод = ___понудена цена x 20____
најниско понудена цена
- Старосна структура на возилата со кои ќе се врши линискиот превоз на патници
| Старост на возилото во години | Бодови |
| 0-5 | 40 |
| 6-10 | 35 |
| 11-12 | 30 |
| 13-14 | 25 |
| 15-16 | 20 |
| 17-18 | 15 |
| 19-20 | 10 |
| Преку 20 | 0 |
- Број на возила со кои ќе се врши линискиот превоз – максимално 10 (десет) бода, за секоја наредна понува помала од претходната се одзема по 1 (еден) бод од максималниот број на бодови
- Број на поаѓања од почетно стојалиште за побараната линија – за секое поаѓање од почетно стојалиште се добива по 1 (еден) бод;
Понудата потпишана и заверена од законскиот застапник на правното лице со пропратната документација, доказите за потребните услови да се достават во запечатени пликови до архивата на општина Радовиш.
Пликот со понудата задолжително треба да има ознака “пријава по оглас за доделување на линии во општинскиот линиски превоз” со назнака “за комисијата”.
На документите во копија , на секоја страна треба да има печат од правното лице, потпис на одговорното лице и забелешка ,,верно на оригиналот,,
Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето во средства за јавно информирање, огласна табла на Општина Радовиш како и на официјалната web-страна на општина Радовиш (www.radovis.gov.mk) од 18.11.2025 година до 24.11.2025 година.
Некомплетираните понуди и понудите доставени по определениот рок нема да се разгледуваат.
Доколку се јават повеќе заинтересирани превозници за вршење на превоз, правото му се дава на оној превозник кој ќе понуди поповолни услови за одржување на линии утврдени во огласот.
Отварањето на сите навреме поднесени пријави ќе се одржи на ден 25.11.2025 одина (вторник) во 11 часот во просториите на Oпштина Радовиш.
По доделувањето на линија на превозниците ќе им се издаде Дозвола и возен ред.
Напомена: Согласно член 12 од Одлуката за општински линиски превоз, донесена на V-та итна седница на Совет на 17.11.2025 година, по завршување (истекување) на договорите за превоз на ученици склучени врз основ на Законот за јавни набавки, ќе се склучат договори врз основ на добиените Дозволи по овој Јавен Оглас.
Совет на општина Радовиш
Комисија за јавна безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита
Претседател Илија Сусинов
* Понудените цени во јавниот оглас важат за во еден правец од патник/ученик, согласно Одлука донесена на Совет за општински линиски превоз






