Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/19), општина Радовиш, на ден ____.01.2025 година, донесе
Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ДУП – дел од УБ 8 и УБ 9, со намена А1, А2, Б1, Б2, Б4, В3, Д2, Е1, Е2, во КО Радовиш, КО Радовиш вгр, општина Радовиш, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Радовиш, www.radovis.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП – дел од УБ 8 и УБ 9, со намена намена А1, А2, Б1, Б4, Г3, Д1, Д2, Е1, Е2, во КО Радовиш, КО Радовиш вгр, општина Радовиш, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока уреденост на просторот. Се иницираат градежни активности за реализација на градби во рамките на градежните парцели, со чија реализација и уредување на парцелите се придонесува на квалитетот на уреденост на градот. Градежните парцели се развиваат согласно современите урбанистички принципи со класа на намена A1–домување во куќи, А2– домување во згради, Б1 – мали единици за комерцијални и деловни единици, Б4-деловни и комерцијални дејности во големи канцелариски згради, Г3- Индустрија за склопување на финални производи, сервисни услуги, Д1-парковско и пејсажно зеленило, Д2-заштитно и сообраќајно зеленило, Е1-сообраќајни, линиски и други инфраструктури, Е2-згради и комплекси на инфраструктурни системи. Сите слободни површини од парцелите хортикултурно да се уредат со зеленило. Со разработка на блокот се врши подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
- Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Градоначалник
Ацо Ристов






