О Д Л У К А
за ослободување од надоместок за ограничување на паркирање (зонско паркирање) на подрачјето на Општина Радовиш за време на
манифестацијата ,,Самун ем Татлија”
Со оваа Одлука се ослободуваат од надоместок за ограничување на паркирање (зонско паркирање) корисниците на јавни паркиралишта и јавни површини наменети за паркирање на подрачјето на Општина Радовиш- прв степен на ограничување – ЗОНА А и втор степен на ограничување – ЗОНА Б за време на одржување на манифестацијата ,,Самун ем Татлија”.
Ослободувањето од плаќање на надоместок за користење на јавни површини наменети за паркирање и јавни паркиралишта на подрачјето на Општина Радовиш се однесува само за деновите 14, 15 и 16 Ноември 2025 година.






