С О О П Ш Т Е Н И Е
Им се соопштува на сите физички и правни лица на територија на општина Радовиш дека општината започна со достава на Решенијата за данок на имот за 2024 година
Општина Радовиш ги известува сите правни субјекти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Закон за даноци на имот, како и од Законот за комунална такса за фирмарина во тек е и постапка за присилна наплата на ненаплатените побарувања по основ на заостанатиот долг за данок на имот и такса за фирма.
Физичките лица добиваат решенија за пресметаниот данок на имот за 2024 година, со напомена дека од оваа година ќе се пресметува и законска затезна камата и ќе се спроведува присилна наплата на заостанатиот долг за данок на имот.
Им укажуваме на сите даночни и таксени обврзници, кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, да ги подмират своите обврски.
Очекуваме редовна уплата на утврдениот данок со цел да се избегнат непотребни дополнителни трошоци на товар на граѓаните и правните лица
Напоменуваме дека доколку не биде подмирен долгот, согласно член 73 од Законот за даноци на имот ќе се изготви решение за забрана на користење на средства и истите ќе бидат доставени до банките.
За сите нејаснотии и објаснувања во овој дел, граѓаните и правните лица можат да се обратат во просториите на Одделение за даноци, такси и надоместоци , во зградата на општина Радовиш
Бул.Александар Македонски бр.7 Радовиш