Во Радовиш беше одбележан 4 мај – денот на загинувањето на најголемиот македонски револуционер и основоположник на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев. Со полагање на свежо цвеќе на спомен обележјето беше одадена почит према овој наш великан.
Свежо цвеќе положи делегација на Општина Радовиш предводена од Секретарот Љупче Почивалец, Пратеничката Моника Трајанова, делегација на Советот на Општина Радовиш, делагации од политичките партии, Сојузот на борците и Сојузот на пензионерите.
Слава му.