Градоначалникот Ацо Ристов вчера во Министерството за животна средина и просторно планирање го потпиша договорот за финансирање на проектот поднесен од Општина Радовиш за „Регулација на дел од речното корито на Ораовичка река„ с. Ораовица.
Финансиската поддршка од Министерството за вакви проекти овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализација, водоснабдување и управување со водните ресурси, преку кои се поставуваат темелите за долгорочен и одржлив развој на локалните заедници, со фокус на унапредување на квалитетот на живот, здравјето и заштитата на животната средина.