Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денес изврши увид на градежните актиности на улицата Видое Смилевски Бато. Изградбата на оваа улица, за која граѓаните чекаа подолг период, заедно со комплетна комунална инфраструктура изнесува 6,5 мил.денари.
„По завршувањето на летните одмори продолжуваме со сериозна експанзија на градежните работи на повеќе локации.
Очекуваме максимална поддршка од граѓаните со цел сите заеднички да ја направиме општина Радовиш модерна урбана општина“, изјави Градоначалникот.