Радовиш во изминатите денови беше домаќин на завршницата од Одбојкарскиот куп на Македонија
Во преполната сала радовишани и сите гости од цела Македонија имаа можност да проследат интересни дуели од полуфиналните и финалните натпревари.Уште еднаш нашиот град се покажа како одличен домаќин и организатор на овој завршен турнир во Одбојка.
Втора година во низа, Штип УГД е освојувач на Купот на ОФМ, откако во финалето од изданието за 2025 година со 3:0 (25:21, 26:24, 25:21) се радуваше над Струмица. Во одлична атмосфера во полната сала „25. Мај“ во Радовиш штипскиот состав ја оправда улогата на фаворит и го задржа пехарот во своите витрини уште една година.
Штип УГД го предводеше организаторот на играта, Давид Стојанов, кој беше прогласен за најкорисен играч на завршницата на Купот на ОФМ 2025.
Одбојкарките на Наковски Волеј ја освоија првата куп титула во својата клупска историја откако во финалето на Купот на ОФМ 2025 кај дамите со 3:2 (16:25, 25:18, 10:25, 25:21, 15:13) го победија Јанта Волеј Кисела.
Наковски Волеј го играше третото куп финале во кое стигна до премиерниот трофеј, откако на двапати се враќаше од негатива. Финалето со многу подеми и падови и кај едната и кај другата екипа донесе и убави, долги интересни поени, но и убедливи добиени сетови.
Јанта Волеј КВ не успеја во шестото куп финале во клупската историја да го освои вториот пехар и мораше да се задоволи со сребрен медал.