Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.50547 од Друштво за градежништво, проектирање и изведба “МАНСАРД” Коце ДООЕЛ Гевгелија за одобрување Планска Програма за изработка на детален урбанистички план за дел од Урбан блок 6 Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма за изработка на детален урбанистички план за дел од Урбан блок 6 Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за градежништво, проектирање и изведба “МАНСАРД” Коце ДООЕЛ Гевгелија со ЕМБС 4508459 и седиште на ул.„Панче Пешев“ бр.8 Гевгелија со управител Коце Трајков, за нарачател Рамизе Исинова со адреса на ул.„Висока маала“ бр.27 од с.Василево, за одобрување Планска Програма за изработка на детален урбанистички план за дел од Урбан блок 6 Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Планска Програма за изработка на детален урбанистички план за дел од Урбан блок 6 Општина Радовиш, КО Радовиш – вон град., со површина на проектен опфат 1,0495 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-555/3 од 18.10.2023г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на детален урбанистички план за дел од Урбан блок 6 Општина Радовиш, КО Радовиш – вон град., со површина на проектен опфат 1,0495 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска Програма за изработка на детален урбанистички план за дел од Урбан блок 6 Општина Радовиш, КО Радовиш – вон град., со површина на проектен опфат 1,0495 ха, со тех.бр.0701-14/1 од Март 2023 год. изработен од Друштво за градежништво, проектирање и изведба “МАНСАРД” Коце ДООЕЛ Гевгелија.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
ДУП за дел од урбан блок 6 – Општина Радовиш, КО Радовиш вон град