Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа, член 19 став 2 од Статутот на општина Радовиш и член 51 од Деловникот за работа на Советот на општина Радовиш, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на XVIII седница на Советот на општина Радовиш
Седницата ќе се одржи на ден 26.10.2022 год.(СРЕДА) од 11:30 часот во салата за состаноци во зградата на општина Радовиш. За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Советнички прашања;
- Предлог Решение за разрешување на членови во Управен одбор во ЈОУДГ ,,Ацо Караманов” Радовиш;
- Предлог Решение за именување на членови во Управен одбор во ЈОУДГ ,,Ацо Караманов” Радовиш;
- Предлог Одлука за избор на членови на Одборот на директори на АД за производство на електрична енергија ЕЛРАД Радовиш;
- Предлог Решение за избор на членови на Одбор на директори на Акционерско друштво за производство на електрична енергија ЕЛРАД Радовиш;
- Предлог Одлука за одобрување финансиски средства на ЈПССО “Радовиш 2014” намети за фактури за комунални услуги за претходната година(заостанат долг) бр.05-100/1 од 19.10.2022 год, бр.12-39/50 од 19.10.2022 година;
- Предлог Одлука за одобрување за склучување на Договор за одобрување долгорочен кредит помегу Општина Радовиш и Комерцијална банка АД Скопје за реализација на КАПИТАЛЕН ИНВЕСТИЦИОНЕН ПРОЕКТ,,ГРАДСКИ ПАЗАР,, бр.09-1605/7 од 21.12.2022 година;
- Предлог Одлука за определување на крајбрежен појас на нерегулиран водотек река “Горелка”, Општина Радовиш, опфатен со Урбанистички план со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина Радовиш бр.09-1007/6 од 02.06.2022 година;
- Предлог Одлука за утврдување на висината и начинот на плаќање на надоместокот за изградба и одржување на паркови и зеленило;
- Предллог-Измена и дополнување на Програма за уредување на градежно земјиште одржување на комунални објекти и локални патишта за 2022 година во општина Радовиш бр.08-1603/2 од 21.12.2021 година, бр.09-1605/4 од 20.10.2022г;
- Предлог-Измена и дополнување на Годишна Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Радовиш за 2022 година бр.09-1605/6 од 210.2022 г.;
- Предлог Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Радовиш во областа на културата за 2022 година бр.08-1484/1 од 27.09.2022г. бр.09-1605/8 од 21.10.2022 г.;
- Предлог Одлука за одобрување на финансиски средства на ЈПССО”Радовиш 2014”-Радовиш бр.08-39/47 од 17.10.2022 година;
- Предлог Одлука за зголемување на цената на возниот билет на сите Дозволи за доделување општински патнички линии и регистриран возен ред доделени од Советот на Општина Радовиш бр.15-1605/9 од 21.10.2022 год.;
- Квартален Извештај за извршување на буџетот на општина Радовиш Трет квартал 2022 година од 01.01.2022 до 30.09.2022 година, бр.05-248/8 од 19.10.2022 година;
- Предлог одлука за измена на распоред на средства(трета пренамена) на Буџетот на Општина Радовиш за 2022 година бр.09-1605/3 од 20.10.2022 година;
- Предлог Одлука за проширување на средствата на буџетот на општина Радовиш за 2022 година, бр.09-1605/5 од 21.10.2022 година;
- Усвојување на Извештаите на работните тела на Советот на општина Радовиш.
Претседател
Совет на општина Радовиш
Моника Трајанова