Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.66899 од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје, за одобрување Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш внг, Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24 и 224/24) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш внг, Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје со седиште на ул.„Васил Главинов“ бр.3-2/8 Скопје со управител Наташа Влчевска Савиќ, за инвеститор ДПТУ ИЛИЈА СОЛАР ДООЕЛ СКОПЈЕ со седиште на ул.1 бр.8 Скопје и управител Гоце Стевковски, за одобрување Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш внг, Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023 год. го разгледа барањето за одобрување на Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш внг, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 12066,91 м2 односно 1,2 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-67/2 од 22.01.2025г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш внг, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 12066,91 м2 односно 1,2 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24 и 224/24).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1 MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш внг, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 12066,91 м2 односно 1,2 ха., со тех.бр.061/11/23 од 12.2024 год. изработен од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов