Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.70453 од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје, за одобрување Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на ел.енергија (10(20)кв среднонапонски електричен надземен вод), КО Дамјан, Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 101/25) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на ел.енергија (10(20)кв среднонапонски електричен надземен вод), КО Дамјан, Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје со управител Иво Ѓоргиев, за инвеститор ДТ МАКТЕК ДООЕЛ СКОПЈЕ со седиште на ул.Варшавска бр.1-1/7 Скопје-Карпош, ЕМБС 5852455 и застапник по закон Весна Стојановска, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на ел.енергија (10(20)кв среднонапонски електричен надземен вод), КО Дамјан, Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023 год. го разгледа барањето за одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на ел.енергија (10(20)кв среднонапонски електричен надземен вод), КО Дамјан, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 7990 м2, а должина 380 м.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-1707/2 од 28.05.2025г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на ел.енергија (10(20)кв среднонапонски електричен надземен вод), КО Дамјан, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 7990 м2, а должина 380 м., констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 101/25).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на ел.енергија (10(20)кв среднонапонски електричен надземен вод), КО Дамјан, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 7990 м2, а должина 380 м., со тех.бр.108/24-У од 04.2025 год. изработен од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов