Во салата за состаноци во Општина Радовиш денеска се одржа 65 седница, со Дневен ред од 13 точки.
На оваа Седница од страна на Градоначалникот Ацо Ристов пред советниците беше презентиран проектот за изведба на Рекреативен парк „Воденица“ на Радовишка река
На денешната седница разгледаа и усвоија повеќе Предлог Одлуки и Предлог Заклучоци, денес беа донесени и одлуките за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш како донација со намена за помош на настраданите граѓани во пожарот во Кочани, исто така на самиот почеток на седницата со едно минутно молчење им оддадоа почит на жртвите кои загинаа во овој пожар.