Советниците на општина Радовиш денеска ја одржа 68 седница на Советот на општина Радовиш.
На седницата беа работенити 33 точки од предложениот дневен ред, од кои три точки се повлекоа за следната седница и четири се дополнија како нови за оваа седница
Советниците на оваа седница разгледаа и усвоија повеќе Предлог Одлуки и Предлог Заклучоци.
Една точка од дополнувањето е Одлука за намена на средствата од концесискиот надоместок за експлоатирана минерална суровина од Рудникот “Боров Дол” со финансирање на капитални инфраструктурни проекти од локално значење, како и за доделување финансиска поддршка за отварање на нови работни места во општината.
На почетокот Советниците имаа можност да постават советнички прашања на кои одговараше Градоначалникот Ацо Ристов, а седницата ја водеше Претседателот Страхил Гавритов.,