Врз основа на член 62 став(10) Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РСМ“ бр. 32/20), Општина Радовиш објавува :
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВЕН УВИД
Соопштение за организирање јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фото-Напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-Вонград, општина Радовиш
Врз основа на член 62 став(10) Законот за урбанистичко планирање Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фото-Напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-Вонград, општина Радовиш.
Јавниот увид трае 15 дена, од 23.04.2025 до 07.05.2025 год.
Во наведениот рок јавноста има можност да достави свои забелешки во однос на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фото-Напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1MW на КП 4993 и КП 4994 – КО Радовиш-Вонград, општина Радовиш, на адреса Бул.“А.Македонски“, бр.7 Радовиш, како и на е – адреса – www.radovis.gov.mk.
Пристигнатите забелешки ги разгледува комисијата за урбанизам од членот 38 од Законот за Урбанистичко планирање, која составува записник со образложенија за прифатените и неприфатените забелешки, што се објавува на службената веб страна на општината.
Невенка Николова
Сузана Ѓоргиева
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов