Постапка бр. 43796, арх. бр. 26 – 1182/1 од 06.07.2022 г.
Известување
Предмет: Известување за јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1 МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина Радовиш
Почитувани,
Во врска со член 62 став (10) од Законот за Урбанистичко планирање (сл. Весник на РСМ бр.32/20). Општина Радовиш, оделение за урбанизам го става на увид на јавноста Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1 МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина Радовиш
Јавниот увид ќе трае 15 дена односно од 13.09.2022 до 27.09.2022 год
Во наведениот рок јавноста има можност да достави свои забелешки во однос на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1 МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина Радовиш Во општина Радовиш на адреса ул. А. Македонски, бр.7 Радовиш како и на е-адреса –www.radovis.gov.mk. Пристигнатите забелешки ги разгледува комисијата за урбанизам од членот 38 од Законот за Урбанистичко планирање, која составува записник со образложенија за прифатените и неприфатените забелешки, што се објавува на службената веб страна на општината.
Со почит,
Општина Радовиш
Изготвил: Сузана Ѓоргиева
Известување за јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13