Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Радовиш во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на, на ден 05.06.2023 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Наши сограѓани – Наша грижа” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработувањеРадовиш
Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со
предност на невработени лица над 5 години)
-млади лица до 29 години
-лица постари од 50 години
–невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
-жртви на семејно насилство
-лица со попреченост
– лица припадници на ромската етничка заедница
–самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
– лица со незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место 1: ______Личен Асистент___________
Позиции за работно место 1: _3-три __
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: ( ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера),
– Работно место 2: Негувател
Позиции за работно место 2: ____2 Две __
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера и ЗАДОЛЖИТЕЛНО СТЕКНАТА ЛИЦЕНЦА
Работно место 3: ______Лица за подршка на слепи лица__
Позиции за работно место 3: ___3– три__
Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера
Работно место 4: ______ Негувател за стари и изнемоштени- мултиплекс склероза __
Позиции за работно место 4: ___3-три
Потребни квалификации и занимања за Работно место 4: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера
Работно место 5: ______ Негувател за стари и изнемоштени-алцхајмер Позиции за работно место 5: ___3-три
Потребни квалификации и занимања за Работно место 5: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера
Работно место 6: ______ Негувател за стари и изнемоштени- палијатива Позиции за работно место 6: ___5–пет
Потребни квалификации и занимања за Работно место 6: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера
Работно место 7: ______ Асистент за подршка за самостојно живеење-инструментални
Позиции за работно место 7: ___6–шест
Потребни квалификации и занимања за Работно место 7: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот од 05.06.2023 година до 09.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Радовиши избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш- кај лицето Стојан Лазаров, Центар за социјлна работа Радовиш кај лицето Александар Филев
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов