Врз основа на член 14 и 15 од Статутот на Општина Радовиш („Службен гласник на Општина Радовиш „ бр. 07-765/1, 15.10.2002), Градоначалникот на општина Радовиш објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Радовиш за 2024 година, кои се во согласност со стратешките и програмските документи на Општина Радовиш а се финансираат согласно Програмата за Локален Економски Развој, од Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година, фонд од 1.000.000 денари, рок на аплицирање: 09.02.2024 – 19.02.2024 год.
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации по поднесен проект/годишна програма за работа.
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Радовиш, како матична општина каде физички ќе се реализираат активностите од годишните програми. Резултатите од спроведените проекти/програми ќе бидат остварени во општина Радовиш.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;
-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Радовиш;
-остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ,
Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Предложените цели и активности од Годишните програми да кореспондираат со Стратешките – развојни и програмски документи на Општина Радовиш.
– Доделените средства да се користат исклучително за покривање на директните трошоци, односно за реализација на активности предвидени во предлог проектот.
Времетраење
Предвидениот период за реализација на активностите да биде до 10 Декември 2024 год, со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.
Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.
Покрај пријавата за финансиска поддршка, Здружението или фондацијата која треба да биде пополнета /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил, Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози, кои можат да се симнат од веб страницата на Општина Радовиш или подигнат во Одделението за Локален Економски Развој при Општина Радовиш :
- Пополнета “Проектна пријава“.
- Годишна програма за работа за 2024 година
- Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации,
- Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти
- Извештај за добиените средства од Општината Радовиш во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.
- CV (кратка биографија) на главниот вклучен персонал.
Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 7 дена од објавувањето на јавниот повик.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Радовиш
Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш
На пликот во горниот лев агол треба да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол: За јавен повик по Програмата – за прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Радовиш за 2024 година
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Здруженијата или Фондациите учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Радовиш за 2024 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации.
Лица за контакт:
Верица Газепова
Одделение за ЛЕР/Општина Радовиш
Тел: 032617700
Е-Mail: ler@radovis.gov.mk
ОПШТИНА РАДОВИШ
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов