Денеска од страна на Отсекот за превенција при ОВР Радовиш, заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Радовиш, на повеќе локации во градот, беше реализирана сообраќајна едукативна кампања, со цел да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.
На возачите им беше укажано дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да не возат под дејство на алкохол, да користат сигурносен појас, да не употребуваат мобилен телефон и уште низа совети што треба да влијаат за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура.
Исто така, беше поделен и печатен едукативен материјал со совети за поголема безбедност во сообраќајот, изработен од страна на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.