Денеска извршив увид во градежните активности за целосно завршување на регулацијата на коритото на Ораовичка Река. Проектот се реализира со засилена динамика и има за цел значително зголемување на безбедноста од поплави, како и намалување на ризикот за околните објекти и земјоделските површини.
Паралелно со градежните работи, спроведено е и темелно чистење на наносниот материјал, вегетацијата и шутот од речното корито, со што се обезбедува непречен проток на водата и долгорочна функционалност на системот.
Со оваа интервенција правиме уште еден значаен чекор кон уредена, побезбедна и поеколошка животна средина за сите граѓани – информираше Градоначалникот Љупче Почивалец.














