Потпишани беа договорите за „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на Радовиш (втора фаза). и договор за „Реконструкција на културен дом „Ацо Караманов“ во Радовиш.
Со потпишување на овие договори ќе бидат комплетирани веќе започнатите проекти
Градоначалникот Ацо Ристов упати голема благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за големата поддршка кои ја дават на Општина Радовиш.