Во деновите од 6-ти до 8-ми Јули, Градоначалникот на општина Радовиш – Ацо Ристов како дел од заедничкиот Консултативен Комитет беше во службена посета на Европскиот Комитет на региони во Брисел.
На 7-ми Јули, со свое обраќање Градоначалникот зеде учество на конференцијата „7th ENLARGEMENT DAY“ чија главна тема беше изменетата политичка реалност и геополитичките промени кои се случуваат во Европа како и истражување на потребите и приоритетите на младите и дали тие можат уште повеќе да се мобилизираат за да го придвижат самиот процес напред.
Европскиот комитет на регионите е тело на Европската Унија на регионални и локални претставници од сите 28 земји-членки, чија задача е да ги вклучи регионалните и локалните власти во процесот на одлучување на ЕУ.