Денес, во општинските основни училишта во општина Радовиш, на првачињата им беа доделени училишни ранци со комплетен училишен прибор, кои се обезбедени преку донација од компанијата Адора Инженеринг.
По тој повод, во ООУ „Никола Карев“ и ООУ „Крсте П.Мисирков“ присуствуваа Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, генералниот директор на Адора Инженеринг, г-дин Ванчо Чифлиганец и заменик генералниот директор Душко Чифлиганец, кои ги посетија првачињата и им посакаа среќен и успешен почеток на учебната година.
Исто така, на првачињата беа доделени ранците и во општинските основни училишта „Орце Николов“ во Ињево, „Коста Рацин“ во Подареш и „Кирил и Методиј“ во Ораовица.