Денес во официјална посета на општина Радовиш беше амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.
Во рамките на посетата, амбасадорот оствари средба со Градоначалникот Ацо Ристов и со членовите на Советот на општина Радовиш.
На средбата амабасадорот Гир беше запознаен со клучните специфики на општината, нејзината историја, култура и сл. а се дискутираше и за процесот на децентрализација, потребните реформи на системот на финансирање на општините, можностите за привлекување на инвестиции, проектите околу заштитата на животната средина и сл.
Исто така амбасадорот го посети општинското средно училиште „Коста Сусинов“ каде беше извршена презентација на проектот „Зелена топлина“ кој е целосно финансиран од Европската унија, а потоа во Музејот на љубовта и уметноста оствари средба со невладини организации, здруженија и граѓани од повеќе области, притоа разменувајќи мислења на повеќе теми, актуелни за нашето поднебје.