Со финалните натпревари вечерва заврши овогодишниот шестоноемвриски турнир во Мал фудбал по повод празникот 6-ти ноември-Денот на ослободувањето на Радовиш.
Првото место и наградата од 100.ооо денари ја освоија фудбалерите од екипата „Фреигхт Оне“, кои во финалето беа подобри со резултат 5-3 од екипата на „Јанев Пласт“. Третото место го освои екипата на „Автолакерски сервис Борче“ кои во малото финале беа подобри со 4-2 од екипата на „Изведен“.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Мартин Ристов.
Наградите ги доделија Градоначалникот Ацо Ристов, Заменик Министерот Енвер Хусеин, членовите на Советот Дејан Вучков и Енис Омеров.