Се продолжува со посветеност за иднината на нашите сограѓани – за посилна и здрава младина, за посветена поддршка на спортот и на младите, кои се нашата гордост и наша иднина, каде што денеска започнуваме со реконструкција на Спортската сала која и беше потребна многу порано.
Сакам да истакнам благодарност до Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски кои дадоа поддршка за овој проект, и веќе спортистите од следната година ќе тренираат и одржуваат натпревари во рекоструиран објект – истакна Градоначалникот Ацо Ристов.
Министерството за спорт останува посветено на развојот на спортот и на обезбедување на фер распределба на средствата низ сите општини, такви средства се обезбедени за реконсрукција на спортската сала во Радовиш.
Со оваа инвестиција од 20 милиони денари треба да се врати сјајот на салата и ќе се поттикат уште повеќе спортски настани во Радовиш. Денеска во Радовиш сме да го одбележиме значајниот чекор што го преземаме заедно кон исполнување на нашата визија за унапредување на спортската инфраструктура во Македонија.
Како министер за спорт, ми е чест да видам дека со заеднички сили и посветеност, успеваме да ги создадеме потребните услови за нашите спортисти и граѓани. Реконструкцијата на оваа спортска сала претставува не само капитален проект, туку и основа за развој на нови спортски генерации, зголемување на спортското учество, како и можност за промоција на здрав начин на живот кај младите.
Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот на Радовиш, господинот Ацо Ристов, за неговата целосна поддршка и посветеност кон овој проект, како и на сите кои се дел од процесот на реализација – истакна Министерот Борко Ристовски при денешната посета на Радовиш.