Врз основа на член 11-ј и член 11-к од Законот за пожарникарството (,,Сл.весник на РМ бр. 67/04..39/16 и Сл.весник на РСМ бр.152/19 ) и член 13 од Правникот за постапката за управување со ефектот на вработените во ТППЕ-Противпожарен Вод,следење,оценување и предлагање на мерки за подобрување број 09-1059/1 од 22.09.2020 година ,Општина Радовиш, објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 1 /2023 за пополнување на 1 (едно) работно место со унапредување
- Шифра: ПОЖ0210В02000
Назив:Водач на група за противпожарна заштита во Противпожарен Вод во Општина Радовиш -1(еден) извршител.
-Посебни услови:
Стручни квалификации-ниво на квалификациите IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити стекнати според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;
Работно искуство-најмалку две години работно искуство во струката,евидентирано во Агенцијата за вработување на РСМ,како работен стаж;
-Потребни општи работни компетенции на основно ниво:
-учење и развој;
-комуникација;
-остварување резултати;
-работење со други/тимска работа;
-ориентираност кон странките/засегнати страни;
-Други посебни услови:
-положен возачки испит за ,,Ц” категорија;
-Работно време: во смени од 07-19 часот и од 19-07 часот ,40 часа неделно работно време.
-Паричен нето износ на нето плата: 25.634,00 денари.
- 2. Кандидатот кој аплицира на интерниот оглас треба да ги исполнува и следните општи услови:
–да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да е полнолетен;
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,дејност или должност.
3.-На интерниот оглас може да се јави пожарникар ,вработен во Противпожарен Вод во Општина Радовиш,кој ги исполнува горенаведените општи и посебни услови за пополнување на работното место ,како и:
-да е оценет со оцена ,,A”или ,,Б”на оценувањето во претходната година;
-да е распореден на работно место на непосредно пониско од нивото на кое се унапредува;
-да поминал најмалку две години од неговото последно унапредување , и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
-Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:
-потврди за успешно реализирани обуки
4.Рокот за доставување на пријавите изнесува 3(три) дена од денот на објавувањето на огласот.
-Заинтересираните кандидати поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место(доколку истите ги немаат предходно доставено во персоналното досие)преку архивата на Општина Радовиш до Одделението за управување со човечки ресурси на адреса ОпштинаРадовиш,бул.Александар Македонски бр.2 како и до службената електронска адреса resursi@radovis.gov.mk со назнака ,,за интерен оглас”.
-Ненавремена,нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
-Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш.
НАПОМЕНА:Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.
составил/Петар Поп-Лазаров
контролирал/Љупче Почивалец
Градоначалник,
Ацо Ристов