Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02), Одлуката за доделување на стипендии на ученици во основното и во средното образование од општината Радовиш бр.07-1330/2 од 04.07.2013 год. и Правилникот за доделување на стипендии на ученици во основното и во средното образование од општина Радовиш бр. 08-1656/1 од 17.10.18 год. (Сл.Гласник на општина Радовиш бр.15 од 19.10.18), Градоначалникот на општина Радовиш, распишува
К О Н К У Р С
за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2022/2023 година
За учебната 2022/2023 година, општина Радовиш ќе додели:
- ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ИСКЛУЧИВО ПО ОСНОВ НА ПОСТИГНАТ УСПЕХ – БЕЗ СОЦИЈАЛНИ КРИТЕРИУМИ
- 16 (шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение – по 4 стипендии пооделно.
Согласно измените на Правилникот, стипендиите нема да се доделуваат по училишта, туку ќе се доделуваат вкупно по 4 стипендии за секое одделение ( по 4 за VI, VII, VIII и IX одделение) по принципот на најдобро рангирани ученици (со најмногу бодови), без разлика од кое основно училиште се учениците.
Стипендијата е во висина од 2 500 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.
- 8 (осум) стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средно образование од кои: 5 (стипендии во прва година – по една стипендија за ученици од сите 5 општински основни училишта, коишто ќе донесат потврда дека се запишале во прва година во СОУ Коста Сусинов – Радовиш, и по една за II, III и IV година.
Стипендијата е во висина од 3 000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.
Потребни документи за учество на конкурсот
- Барање од учениците до општина Радовиш ;
- Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
- Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
- Диплома за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари организирани единствено преку образовниот систем ;
- Препорака од менторот ;
- Препорака од наставничкиот совет ;
- Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
- Фото копија од лична карта, или пасош и
- Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија
Напомена:
Во случај на ист број бодови, Комисијата за доделување на ученички стипендии со цел да се додели стипендија на учениците со послаба социјална положба, дополнително ќе побара од старателите на тие ученици :
– Уверение за остварени приходи од УЈП за материјалните примања на семејството на ученикот во текот на минатата година и
– Потврда за плата на родителите, или потврда од Агенцијата за вработување дека се пријавува како невработено лице, за периодот од Јануари заклучно со 30 Септември за тековната година.
Стипендијата ќе биде доделена на кандидатот кој е социјално послабо ситуиран.
- ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ПО ОСНОВ НА ПОСТИГНАТ УСПЕХ – И ПО ОСНОВА НА СОЦИЈАЛНИ КРИТЕРИУМИ
Општина Радовиш доделува вкупно 5 (пет) стипендии на ученици во основните училишта и ученици во средното образование од општина Радовиш чиишто семејства се социјално загрозени.
Стипендиите се доделуват на првите пет рангирани кандидати кои конкурирале по овој основ, без разлика дали учениците се од основно или од средно образование.
Право за конкурирање имаат сите ученици од VI, VII, VIII и IX одделение основно образование и учениците од I, II, III и IV година средно образование
Потребни документи за учество на конкурсот
- Барање до општина Радовиш ;
- Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
- Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
- Дипломи за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари, организирани единствено преку образованиот систем ;
- Препорака од ментор ;
- Препорака од наставнички совет ;
- Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
- Фото копија од лична карта или пасош ;
- Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија ;
- Семејно уверение ;
- Уверение за остварени приходи од УЈП, за двајцата родители за 2021 год.;
- Поврда за работен однос на родителите, или старателите со податок за остварен личен доход од 01.01.2022 заклучно со месец Септември 2022 или Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството на ученикот.
- Потврда од Центарот за социјална работа (доколку се корисници на социјална помош)
Услови за доделување на стипендии
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во училиштата во општина Радовиш, Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови :
– Да се жители на општина Радовиш и државјани на Република Македонија
– Да се редовни ученици од основното образование и од средно образование со континуиран скроз одличен успех кои освоиле I, II и III награда на општински, регионален и државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, организирани и спроведени ЕДИНСТВЕНО преку образовниот систем.
Напомени:
Кандидатите се должни во Барањето јасно да означат (да заокружат) по кој основ конкурираат, односно дали конкурираат по основ на :
-Талентирани ученици исклучиво по основ на постигнат успех – без социјални критериуми или
-Талентирани ученици по основ на постигнат успех и по основа на социјални критериуми
–Ученици без свидетелства со континуиран скроз одличен успех нема да бидат земени во предвид.
-Дипломи добиени од разни други асоцијации, манифестации и здруженија на граѓани нема да бидат бодирани.
Место и рок за поднесување на документите
Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на ученици“
Рокот за поднесување на документите е 10 работни дена започнувајки од 14.11.2022 год. (Понеделник) заклучно со 25.11.2022 година (Петок).
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
БАРАЊАТА можат да се набават самите училишта, на WEB страната или директно во општина Радовиш.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од 15 дена од завршувањето на конкурсот
Резултатите од конкурсот ќе бидат истакнати на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш.
По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Градоначалникот на општина Радовиш.
Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.
Повеќе информации можат да се добијат во самите училишта, или во општина Радовиш.
Изготвил : Борче Панов
Одобрил : Игор Чапов
Градоначалник на општина Радовиш
Ацо Ристов