Градоначалникот Љупче Почивалец, во име на Општина Радовиш, потпиша Меморандум за соработка со Зелен институт како носител и Националното здружение на сопственици на приватни шуми како партнер во проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“.
На средбата беа разменети дополнителни информации за текот на соработката и активностите кои ќе се реализираат во периодот што следува.
На состанокот присуствуваа претседателката на Зелен институт, претседателот на Националното здружение на сопственици на приватни шуми, Војо Соколовски, како и двете експертки ангажирани во проектот – Ана Петровска и Лилјана Поповска.
Со учеството во овој проект, Општина Радовиш ќе придонесе кон унапредување на системот за управување со биоотпад, поттикнување на одржливи практики и поголема вклученост на граѓаните во заштитата на животната средина.











