Согласно член 36,37,38,39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Сл.весник на РМ бр.78/15,106/15,153/15,190/16, 21/18 …),Одлуката за издавање под закуп на деловен простор чиј сопственик е Општина Радовиш по пат на електронско јавно наддавање на Советот на Општина Радовиш број 08-1260/1 од 27.07.2022 година,Комисијата за продажба и давање во закуп на подвижни и недвижни ствари во сопственост на Општина Радовиш,објавува:
Објава бр.1/2023
За давање под закуп на недвижен имот (деловен простор)- Дом на култура во село Калуѓерица со електронско јавно наддавање
1.Предмет на давање под закуп по пат на електронско јавно наддавање:
–Предмет на давање под закуп по пат на електронско јавно наддавање е недвижен имот(деловен простор),сопственост на Општина Радовиш – Дом на култура во село Калуѓерица, на к.п.бр. 3118/1 во вкупна површина од 710 м2, евидентиран во Имотен лист број 51847 за КО Калуѓерица.
2.Податоци за недвижниот имот (деловен простор) кој се дава под закуп:
Ред
Бр. |
Адреса на објект | објект | површина | Вкупна вредност на недвижниот имот во денари | Почетна месечна закупнина во денари | Час/почеток на јавно наддавање | објава | Период на закуп |
1 | Градска река број 7 ,КО- Калуѓерица | ДЗД,Дом на култура со ПП на к.п.бр.3118/1 од имотен лист број 51847,КО Калуѓерица | Вкупна површина од 710м2(ПП-90м2 и ДЗД 620м2) | 4.544.000,00 денари | 22.720,00 денари | 12,00 часот | Прв пат | 10(десет) години |
-Висината на почетната месечна закупнина изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижната ствар проценета од овластен проценител.
–Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност во износ од 90.880,00 денари,(со важност до 01.05.2023 година).
3.Рок за поднесување и начин на поднесување на пријавата за учество на јавното наддавање
– Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува во рок од 15 дена, сметајки од денот на објавувањето на објавата на електронскиот систем за јавно наддавање и во дневниот печат и кон истата треба да бидат приложени следните податоци и докази:
-Доказ за идентитет на физичко лице (копија од лична карта или патна исправа),
-Доказ за идентитет на правно лице ( тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци),
-изјава за прифаќање на условите што се дадени во објавата,
-банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижниот имот кој е предмет на закуп во електронска форма и во писмена форма (во оригинал),со важност до 01.05.2023 година;(најмалку 60 дена).
–изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци на понудувачот и одговорното лице на понудувачот,
-пријавата се поднесува електронски на интернет страницата www. e-stvari.mk ;
-за да може да се поднесе пријава за учество заедно со бараните документи утврдени со објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да регистрира свој профил на страната www. e-stvari.mk ;
- 4. Право на учество во електронското јавно наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички лица и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на недвижни ствари на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата .
5.Јавното наддавање по електронски пат ќе се одржи на ден 15.03.2023 година со почеток во 12 часот.
6.Најповолниот понудувач има обврска во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор да ја уплати постигнатата крајна цена за месечната закупнина на електронското јавно наддавање во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметниот недвижен имот.
7.Начин и постапка за спроведување на електронското јавното наддавање
-Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на електронското јавно наддавање согласно со објавата на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата www.e-stvari.mk со корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање ,по што имаат право на учество на јавното наддавање.
-Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата.Јавното наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.
-Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на месечната закупнина постигната на јавното наддавање за еден месед однапред.
-Јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на месечната закупнина и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
-Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат,односно зголемуваат цената на месечната закупнина.Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда ,крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
-Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
-Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање ,вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат,односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување.
-Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата односно дадена е повисока понуда крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда .
-Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда ,цената на месечната закупнина повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.
-Намалувањето на месечната закупнина во текот на наддавањето доколку станува збор за објава по прв пат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
-Намалувањето на цената на месечната закупнина во текот на наддавањето,доколку станува збор за објава по вторпат може да биде најмногу до 30% доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници намалувањето на цената на месечната закупнина може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.
-За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина за недвижната ствар.
-Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
-Најповолниот понудувач има обврска во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за месечната закупнина на електронското јавно наддавање на уплатна сметка 840-158-06553 приходно конто 723914, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.
-По завршување на постапката за јавно наддавање со најповолниот понудувач во рок од 15 работни дена по извршената уплата на цената за месечната закупнина се склучува договор за закуп на недвижната ствар согласно одредбите од Законот за облигационите односи.
-Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од пет дена од приемот на приговорот.Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
–Договорот за закуп се склучува во писмена форма и содржи: страни на договорот ,конкретни податоци за недвижната ствар , обврска за купувачот за достава на договорот во рок од 30 дена од склучувањето кај надлежен нотар за солемнизација на истиот и обврска на закупецот за плаќање на нотарските и други трошоци.
-Оваа објава ќе биде објавена на веб страната на Општина Радовиш.
Комисија за продажба и давање во закуп
на подвижни и недвижни ствари во
сопственост на Општина Радовиш
1.Игор Чапов –Претседател,
2.Петар Поп-Лазаров-член,
3.Мане Манев-член,